ЛНР: Сите патишта и рафинеријата во Лисичанск под руска контрола
Од
Објавено на
Сите главни транспортни рути кои водат до и од Лисичанск и целата територија на најголемата рафинерија за нафта во тој град во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) се под контрола на руските сили, соопшти денеска амбасадорот на ЛНР во Москва, Роџон Мирошник.
„Сите главни транспортни рути до и од Лисичанск се под контрола на руските и силите на ЛНР, така што е невозможно да го напуштат“, напиша Мирошник на својот канал на Телеграм.
Според него, украинските сили се обиделе да побегнат од градот преку предградијата на северозападот, но биле забележани и гранатирани од руските сили. Бројот на загинатите, како што наведе, ќе биде соопштен подоцна.