„НАТО докажа дека може да носи тешки одлуки“, вели Кулеба
Украина денеска го пофали НАТО за цврстиот став против Русија и ги повика Финска и Шведска да се приклучат на воената алијанса.
Министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека подеднакво силната и активна позиција за Украина на членките на воената алијанса ќе ја заштити евроатлантската безбедност, пренесува Ројтерс.
„Денес во Мадрид, НАТО докажа дека може да носи тешки, но суштински одлуки“, рече тој.
Кулеба ја поздрави јасната позиција за Русија, како и пристапувањето на Финска и Шведска.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќањето на самитот на НАТО во Мадрид рече дека на неговата земја и треба повеќе напредно оружје и пари за да се одбрани од Русија.
Лидерите на НАТО се согласија официјално да ја третираат Русија како „најзначајна и најдиректна закана за безбедноста на сојузниците“.
Андриј Јермак, шефот на украинскиот претседателски штаб, ја поздрави пораката што Алијансата и ја испрати на Русија.
„Русија нема да ја победи Украина, Русија ќе биде поразена, а тоа е пораката што земјите-членки на НАТО постојано ја истакнуваа на самитот“, напиша Јермак на Твитер.