Свет

„Вучиќ ја објаснува суштината на лицемерието што го трпиме“, вели Брнабиќ

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ се осврна на вчерашната средба меѓу претседателот на Србија и Мирослав Лајчак.

По разговорите меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, таа на својот Твитер профил напиша дека претседателот Вучиќ ја објаснил суштината на лицемерието кое Србија го трпи секој ден.

„Дали ги почитуваме резолуциите на ОН – или не? Дали ги спроведуваме меѓународните договори – или не? Територијалниот интегритет на меѓународно признатите држави е неповредлив – или не? Ние го почитуваме меѓународното право – секогаш или како што ни одговара? Српскиот претседател Александар Вучиќ објасни суштината на лицемерието што го трпиме секој ден“, напиша таа. е Брнабиќ на Твитер.

На почеток