„Телма“ објави детали за францускиот предлог кој Македонија треба да го прифати


Три клучни измени има во новиот компромисен француски предлог, дознава Телма.
Првата е модификација на терминологијата околу одржувањето на Првата меѓувладина конференција, со тоа што со новата терминологија, официјалниот старт на преговорите би бил со Првата меѓувладина конференција, а останатите измени се однесуваат на повторно извлекување на историските прашања и т.н. Протоколи од Меѓувладините конференции предвидени со Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.
Овие протоколи или заклучоци, повеќе не би биле дел од Преговарачката рамка, како што стоеше во првичниот нацрт – предлог на француското претседателство.
Формулацијата околу јазикот останува – македонски, со унилатерални изјави од Бугарија и Македонија, кои инаку немаат формално- правна тежина на обременување на самата Преговарачка рамка.
Останува обврската за промена на Уставот и внесување во него на Бугарите, до отворањето на првиот преговарачки кластер.
