Македонија

„Францускиот предлог е нокаут“, Мицкоски ги кажа индициите за македонското предавство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предупредува дека францускиот предлог е ист како претходниот, нема ништо различно, освен два зборови. Мицкоски посочи дека тим преговарал за македонскиот јазик, идентитет, традиција, култура и за Македонецот. Според него, има три индиции дека ова е нокаут за македонската дипломатија.

„Францускиот предлог не е ништо повеќе од два збора различни од претходниот предлог. Односно да сум прецизен ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство. Сето ова е врз основа на информации со кои ВМРО-ДПМНЕ во овој момент располага. И на што го темелам сето ова дека е точно.. Ќе споделам со вас три индиции: првата е што овој модифициран таканаречен предлог беше прифатен веднаш од Петков и Радев. Во државата има распуштено Собрание, а за нив е одлично решение и го прифаќаат. Ако тогаш е така, што е различно за нашиот државен врв веднаш да го одбие со големо „не“ како што го направи тоа во Брисел. Второ, од каде Еди Рама знае дека овој предлог е добар за македонскиот народ, за чиј идентитет се преговара, а ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена иако ние како најголема партија, пратеничка група, поддршка, ја немаме? Третата причина е бидејќи Владата на СДСМ и ДУИ има слаб карактер и традиција на предавство. Затоа предлогот го крие“, кажа Мицкоски.

Тој бара: „Ако навистина е добар предлогот, Владата веднаш да го објави“.

На почеток