За ВМРО-ДПМНЕ веќе е неприфатлив францускиот предлог
Францускиот предлог е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Договорот за добрососедство е содржан во францускиот предлог за преговарачката рамка за отпочнување на преговорите за ЕУ. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, објасни дека вклучување на овој Договор во преговарачката рамка за нив е неприфатливо.
„Нема да прифатиме македонскиот јазик, освен македонски, да не биде ништо друго. Без фуснота, дополнувања, одземања, наддавања. Сето останато, вклучително и некакви протоколи и Договор за добрососедство не може да биде дел од преговарачка рамка. Членот 12 од Договорот за добрососедство ако биде цитиран, тоа директно имплицира не само историја, туку образование и се останато“, кажа Мицкоски.
Според Мицкоски, ниту кабинетот на Ковачевски, ниту министрите го немаат видено францускиот предлог.
„Зар тоа не е доволно да веруваме дека имаме дипломатски нокаут и капутилација?“, праша Мицкоски.
Мицкоски е дециден во барањето веднаш предлогот од Франција да биде објавен на владината веб страница.
„Бугарските барања се дел од предлогот. Какви корекции, какви бакрачи. Зарем вие мислите дека Радев кој победи 2-1 со неговиот противник, ќе си дозволи лускуз кој за него ќе значи дипломатски пораз? Ако е така како што кажува Ковачевски, предлогот ќе требаше да биде закачен на веб страницата на Владата“, додаде Мицкоски.