Се зависи од Скопје, нема нов предлог, порача Генчовска
Од
Објавено на
Бугарската министерка за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска за БГНЕС изјави дека нема нов француски предлог што се разликува од веќе одобрениот во бугарскиот парламент.
На прашањето на БГНЕС дали има нов француски предлог за решавање на спорот меѓу РСМ и Бугарија за почеток на преговори за ЕУ, кој се разликува од веќе одобрениот од бугарскиот парламент, Генчовска кусо одговори: Не.
„Се зависи од подготвеноста на Скопје. Од нив очекуваме државна и одговорна политика. Бугарија е подготвена да го потпише најновиот протокол од Мешовитата меѓувладина комисија“, додаде Генчовска.