Откриен идентитетот на момчето кое брутално го уби петгодишниот Логан Мванги
Сусдот во Велс го откри идентитетот на момчето (14) кое го уби петгодишниот Логан Мванги. Станува збор за Крег Малиган, кој е осуден на доживотен затвор за убиство.
Во Велс е вообичаено да не се открива идентитетот на децата во кривичните случаи, но во овој случај судот одлучи да ја укине наредбата за анонимност откако новинарите тоа го побараа во јавен интерес.
Малиган беше осуден на доживотен затвор заедно со мајката на Логан, Ангарад Вилијамсон (31) и неговиот очув Џон Кол (40). Тинејџерот имал 13 години кога учествувал во убиството на Логан и му помогнал на Кол да го фрли телото на петгодишното дете во реката Огмор во Бриџинд.
Логан бил убиен само пет дена откако Малиган почнал да живее со него во истата куќа. Малото момче пред смртта тежело само 19 килограми, пишува Sky News.
Згрижувачкото семејство кај кое претходно бил сместен Малиган изјавиле дека им го направил животот пекол и дека се плашат од него.
Откако Логан бил убиен, Малиган бил вратен под грижа на локалните власти. Еден социјален работник го слушнал како пее: „Сакам деца. Ебано сакам деца. Обожавам да ги удирам децата во глава. Тоа е оргазам“.
Вилијамсон и Кол поднесоа барање за посвојување и тој отиде да живее кај нив на 26 јули 2021 година. Телото на Логан беше пронајдено на 31 јули 2021 година, на само 250 метри од неговиот дом.
Малиган наводно го идолизирал Кол, кој го одгледал на девет месеци. Кол бил во врска со мајката на Малиган, а подоцна станал негов старател. Малиган бил одземен од неговата мајка откако таа насилно го нападнала, по што тој бил ставен во градската грижа шест месеци.
Во текот на судењето беше откриено дека Логан се здобил со 56 исеченици и модринки, како и тешки внатрешни повреди. Тој наводно бил подложен на „брутален и продолжен напад“.
На судот му беше кажано дека повредите на детето личат на оние на жртвите на несреќи со голема брзина или на луѓе кои паднале од височина.
Вилијамсон мора да помине најмалку 28 во затвор, а Кол 29. Малиган ќе одлежи уште најмалку 15 години.