Актуелно

Ахмети излезе на собраниска говорница

При расправата на синоќешната седница за интерпелација на претседателот на Собранието, последен говорник беше лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој изрази поддршка за својот сопартиец Талат Џафери, но зборуваше и за дијалогот и целата политичка ситуација околу Бугарија.

-Ни треба да работиме зедно, сега се одлучува за постоен мир. Денес албанскиот премиер Рама рече браќа за сите, и Македонци и Албанци. Не се работи за двојни стандарди, туку за градење на иднината. Вознемирено ги следам медиумите, се сменило името на Бујар Османи во Булгар Османи. Затоа Џафери и Булгар Османи имаат мисија, затоа што ова е нашата мисија, рекол Ахмети од собраниската говорница.

Претседателот на ДУИ констатира дека „вистина е дека има корупција и криминал, но мораме да се бориме заедно против него“.

На почеток