На Водно и Гази Баба може да се движите слободно
„Низ парк шумата Водно или низ нашите национални паркови Шар Планина, Маврово, Галичица и Пелистер, може да се движите слободно, без никакви ограничувања“, вели ЦУК.
Тие додаваат:
Доколку планирате да се движите низ останатите планински делови од државата може да побарате писмено одобрение за движење во една од 30-те локални подружници на ЈП Национални шуми. Центарот за управување со кризи работи на надминување на нејаснотиите кои настанаа со објавата на интернет страната на град Скопје на 23.06.2022 година со која градот Скопје апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“.
Во овој момент не постои активна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“ и движењето низ нив е слободно и без ограничувања.
Локални подружници на ЈП Национални шуми со адреси и контакт телефони:
http://www.mkdsumi.com.mk/kontakt.php?page=7