Скопје

Аеродром субвенционира купување тротинети, објавени условите

Општина Аеродром во понеделник, 4 јули, го отвора јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипеди, а субвенциите од оваа година се проширени и ќе се однесуваат и на електрични тротинети:
– за велосипеди во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари;
– за електричен тротинет во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 5.000 денари по лице.
Заинтересираните граѓани е потребно да поднесат:
– Барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општината или да се обезбеди од веб-страницата http://aerodrom.gov.mk/vest/8955, почнувајќи од понеделник)
– Фотокопија од лична карта или пасош како доказ за жителство во Општина Аеродром
– Фотокопија од трансакциска сметка на барателот
– Оригинална фискална сметка или фактура со датум од тековната 2022 година како доказ дека е извршено купување велосипед и електричен тротинет
– Изјава (која може да се подигне од архивата или на линкот http://aerodrom.gov.mk/vest/8955), со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека нема добиено субвенции од друга институција.
Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за граѓаните на подрачјето на Општина Аеродром за купување велосипеди и електрични тротинети за 2022 година“ со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“.

На почеток