Катица Јанева се огласи: Само повелете…
Екс специјалната шефица на специјалните обвинители Катица Јанева по подолго време се огласи на социјалните мрежи.
Таа како профилна фотографија објави цитат во кој вели дека се додека има душа ќе остане човек.
„Само повелете, послужете се со мојата добрина, трошете ја мојата искреност, нахранете го своето его со мојата љубов, изгужвајте ги моите емоции како стара хартија, но џабе ви е трудот. Нема да станете подобри, нема да станете како мене, затоа што ви треба и душа. А неа не можете да ми ја земете, и се додека ја имам ќе останам човек“, стои во цитатот.
Таа и натаму издржува затворска казна. Има прабо на викенди, бидејќи дел од казната веќе ја заврши.