Спорт

Надал искритикуван: „Не можеш да го правиш на Вимблдон“

Рафаел Надал и Лоренцо Сонего имаа мала расправија по мечот од третото коло на Вимблдон.

Шпанецот ја оправда улогата на фаворит, славејќи по три сета, но по завршувањето на дуелот при збогувањето имаше што да му замери на својот ривал.

Надал не му се допадна како Сонего се радуваше на крајот од третиот сет, кога за момент се врати во игра, правејќи брејк.

„Од срце сакам да кажам дека не мислев ништо лошо. Навистина ми е жал“, изјави Надал по мечот.

Сонего ја коментираше оваа ситуација и приговорите на Надал, за кои смета дека требало да бидат упатени до судијата, кој потоа би му го привлекол вниманието на Сонего.

“Играчот не треба да го повикува противникот до мрежата. Тоа не можеш да го правиш на Вимблдон. Надал требаше само да разговара со судијата. Тој ми го привлече вниманието”, изјави Сонего.

Надал во осминафиналето ќе игра против Ботик ван де Зандшулп.

На почеток