Апасиев му врати на Пендаровски: Вошко предавничка
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев се огласи на социјалните мрежи по изјавата на претседателот Пендаровски.
„Претседателската ВОШКА Пендаровски, ме нарекол “гнида” на прес!? Па није могуче
#ВошкоПредавничка“, напиша Апасиев.
Претходно Апасиев го опцу претседателот, а Пендаровски вели дека само човек кој е ушмркан или му фали нешто во главата може да каже таква работа.
„Тој тип јавно ја пцуеше Шеќеринска. Знам за каква креатура се работи. Не верував дека може да ми пцуе починат родител. Тоа ми е лична болка која не можев да ја разберам зошто имал потреба да ја искаже. Мојата мајка е почината пред 10 години и мислам дека беше крајно нечовечки, да ми пцуеш гроб на почината мајка е нешто не се простува. Таква работа може да искаже човек кој или е ушмркан или му фали нешто во главата. Мислам дека тој психопат не е со сите. Тоа е настан без преседан“, вели Пендаровски.