Владата ќе обезбеди срества за возобновување на Св. Климентовиот Универзитет на Плаошник

Од
Објавено на

На денешната седница, Владата, откако ја разгледа, ја усвои Информацијата за реализација на Проектот – Возобновување на Св. Климентовиот Универзитет на Плаошник, подготвена од Министерството за култура – Управа за заштита на културното наследство и беше дадена согласност и мислење за оправданоста и продолжување на проектот.
Исто така, беше задолжено Министерството за финансии да обезбеди средства во висина од 50.000.000,00 денари во Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 и 22.700.000,00 денари во Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година за реализација на Проектот.
