Свет

Кина: „Ја зајакнуваме стратешката соработка со Русија“

Кина е подготвена да ја зајакне соработката со Русија во мултилатералната рамка, вклучително и Г20, изјави кинескиот заменик министер за надворешни работи Ма Жаоку.

Ма му рекол на рускиот амбасадор во Кина, Андреј Денисов на вчерашната средба дека Кина е „подготвена да ја зајакне стратешката координација со Русија и да ја прошири практичната соработка на различни полиња“, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, а пренесува Ројтерс.

Кинеските и руските претставници се сретнаа на Светскиот форум за мир што се одржа во Пекинг.

На тој форум американскиот амбасадор во Кина тврдеше дека „руската војна во Украина е најголемата закана за светскиот поредок“.

На почеток