Македонија

„Мишел не ја дава гаранцијата на ЕУ, нам ни вели, жими мајка“, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска се огласи на социјалните мрежи, каде вели дека треба политичка казна за оние кои учествувале во изработката и кои го потпишале квазидоговорот со Бугарија

Објавата ви ја пренесуваме во целост

Последна линија на елементарно достоинство треба да биде:
-прифаќање на рамката со отфрлање на членот за јазикот и со отфрлање на спомнувањето конкретни билатерални договори
– политичка казна за оние кои учествувале во изработката и кои го потпишале квазидоговорот со Бугарија
Мишел не ја дава гаранцијата на ЕУ.
Гаранцијата се дава писмено во рамка, а тоа го нема за Македонија а го има за Бугарија.
Мишел нам ни вели, жими мајка.
И да не заборавам, ВМРО-ДПМНЕ не е партија која има било каков капацитет да ја внесе Македонија во ЕУ. СДСМ со овој и ваков состав нема интелектуален капацитет да не внесе во ЕУ. А ДУИ има капацитет да не внесе во криминалното подземје на ЕУ во секој момент.

На почеток