Нова казна за полицаецот што го уби Флојд: Доби уште 20 години затвор
Поранешниот полицаец во Минеаполис, Дерек Шовин, денеска е осуден на 20 години и пет месеци затвор по федерални обвиненија.
Овој пат за кршење на граѓанските права на жртвата, пренесува Ројтерс.
Овој полицаец минатата година беше осуден за убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Шовин веќе отслужува казна од 22 и пол години во затвор во Минесота, откако беше прогласен за виновен во јуни 2021 година за убиство од втор и трет степен.
Денешната казна ќе се одвива паралелно со првобитната казна од 22 и пол години. Флојд почина по полициска интервенција во мај 2020 година, кога Шовин го притискаше неговото колено на вратот девет минути, а Флојд се пожали дека не може да дише.
Видеото од убиството стигна во јавноста, по што во бројни американски градови избија немири во знак на протест против расизмот и полициската бруталност.