Актуелно

„Украинското знаме ќе се вее на Крим, како и на Змискиот остров“, вели Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изрази уверување дека украинското знаме ќе се вее на Крим, како што веќе се вее на Змискиот остров.

Во видео-обраќање на Инстаграм, Зеленски рече дека еден ден украинското знаме сигурно ќе биде на Крим и во сите градови и села окупирани од руските сили, пренесува Укринформ.

Зеленски изјави дека Украина нема да отстапи територија во замена за мир со Русија.

Зеленски изјави за Си-Ен-Ен дека Украина не сака да ѝ отстапи ниту една територија на Русија и посочи дека територијалните отстапки нема да бидат дел од дипломатските преговори за ставање крај на војната.

„Украинците не се подготвени да се откажат од својата земја, да прифатат дека овие територии и припаѓаат на Русија. Ова е наша земја“, рече Зеленски. Тој ја повтори поканата до американскиот претседател Џозеф Бајден да го посети Киев, оценувајќи дека тоа ќе испрати порака до Русија и светот.

„Би сакале да го видиме претседателот Бајден во Украина. Слушнав дека ја поддржува идејата. Има некои безбедносни прашања што стојат на патот на неговата посета, ние го разбираме тоа“, рече Зеленски.

Тој оцени дека посетите на светските лидери на Киев даваат сигнал дека ја поддржуваат Украина бидејќи веруваат во нејзината победа и дека, како што наведе, „не се плашат од Русија“.

На почеток