(ВИДЕО) Моментот кога беше погоден поранешниот јапонски премиер
Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе беше застрелан со импровизирано огнено оружје за време на предизборниот говор во градот Нара.
Абе (67) бил пренесен во болница во несвест и со срцев удар, јавуваат медиумите. Напаѓачот е уапсен.
На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од моментот на ранувањето и од оружјето од кое беше пукано во Абе. Според медиумите, осомничениот за обидот за атентат врз Шинзо Абе е поранешен припадник на јапонската морнарица.
Станува збор за 40-годишниот Текуја Јамагами, жител на градот Нара каде зборувал поранешниот премиер, пренесува ТВ Нихон.
Полицијата го уапсила напаѓачот, кој не давал отпор.
Се уште нема информации за неговите мотиви.
Според очевидци, Јамагами двапати го застрелал политичарот во грб. Судејќи по фотографијата, пукано е од домашно оружје. Претходно медиумите објавија дека се работи за сачмарка.
NHK World Japan 's TV footage of Shinzo Abe being shot pic.twitter.com/niucWs9Xyu
— Eric Sturrock (@EricSturrock) July 8, 2022
Агенцијата NHK објави дека Абе бил застрелан повеќе пати во грб со пиштол со пумпа, од далечина од само неколку метри.
Откако беше погоден по втор пат, Абе падна на земја стегајќи ги градите. Очевидци тврдат дека обилно крварел.
Со хеликоптер бил пренесен во болница во свесна состојба, но срцето му откажало и моментално не дава знаци на живот, пишуваат Асахи Шинбун и NHK.