Свет

Додик: „БиХ е неуспешен експеримент“

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека Резолуцијата на германскиот Бундестаг е полна со неточни квалификации и е функција на муслиманскиот национализам.

Секоја ваква или слична резолуција, нагласи Додик, е храна за муслиманските националисти кои под изговор на демократијата бараат укинување на правата на народот, на кои почива БиХ.

„БиХ е неуспешен експеримент на меѓународната заедница, а не помагаат ниту декларации ниту резолуции како оваа. Ако Милорад Додик и Драган Човиќ се виновни за неуспехот на БиХ, зошто БиХ прво имаше граѓанска војна во која Додик и Човиќ не се испрашуваа, а потоа годините на протекторатот, во кои повторно не беа прашани Додик и Човиќ? Затоа оваа резолуција ја гледам како уште едно мачкање очи, овој пат за германската јавност“, рече Додик на прашањето за коментар за резолуцијата „Поддршка на БиХ на пат кон подобра иднина“, што го усвои Бундестагот, во кој Додик и Човиќ се споменуваат како политичари чии постапки имаат за цел „да ја уништат БиХ“ како земја на различни народи.

„Доколку Германија навистина го сакаше доброто на БиХ, како што велат, би го вложила своето влијание во ЕУ и би ѝ доделила кандидатски статус на БиХ. Така е полесно да се пишуваат бесмислени резолуции кои не се од корист за никого, освен за оние кои се хранат од таквите меѓународни активности, имено муслиманските националисти“, изјави Додик.

На почеток