Ангелов против францускиот предлог: Некоректно е да се појавам на протеститe
Претседателот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов го осудува насилството на протестите врз полицајците и истакнува дека не заслужиле да бидат мавани со камења пред очите на нивните родители, деца или сопруги.
Ангелов вели дека францускиот предлог ваков каков што е, е неприфатлив, но, додава, би било некоректно да се појави на протестите против него, затоа што е дел од коалицијата на власт.
– Јас како поискусен политичар можам да проголтам неколку работи, но со овој предлог ние не добиваме датум за преговори. Покрај тоа што е во одредени делови е понижувачки за нас Македонците, ние нема да добиеме датум, се додека не се случат уставните измени и тешко ќе биде да се обезбеди дветретинско мнозинство. Јас сум против внесување на Бугарите во Уставот затоа што нивната бројка е минорна – потенцира Ангелов во емисијата „Само вистина“.