Македонија

„На тацна да ти даваат власт сега во Македонија треба да одбиеш, ако си нормален “, вели Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски од студиото на ТВ21 кажа дека во моментов на тацна да ти даваат власт сега во Македонија без избори треба да одбиеш, ако си нормален’.

Претседателот смета дека во моментов во државата има мултиплицирана криза и со енергија, и со инфлација и со бугарско вето.

„Имаме една мултиплицирана криза. Заради војната во Украина имаме проблеми со енергија, со високи цени на производи, претходно наши делби и парламентарни блокади, и ова е капак на се.

Имаме ситуација дека кога на тацна да ти даваат власт сега во Македонија без избори треба да одбиеш, ако си нормален. Треба да одбиеш“, изјави Пендаровски.

Тој додаде дека никој не би се нафатил сега да биде власт и да направи резултати на краток или среден рок.

На почеток