Актуелно

“На Мијалков му се конфискувани 25 стана, или со други зборови, му ја зедоја населбата”, јавноста спремна да отвори и донациска за ексдиректорот

Три години затворска казна и конфискација на имот во вредност од околу 30 милиони евра, на ова се согласил поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков откако ја признал вината за случајот „Империја“

Вилма Рускоска изјави дека според процената, вредноста за недвижниот имот е околу 17 милиони евра, но со оглед на покачување на недвижностите, бидејќи сепак се работи за 25 станови во Скопје сметаат дека негде имотот е околу 30 милиони евра.

Јавноста вели дека ќе му го конфискуваат Тафталиџе на ексдиректорот, а некои се понудија и да отворат телефон за донации доколку нема 36 милиони.

На почеток