Актуелно

(ФОТО) Ове е топката која му го спаси животот на Иван од Македонија

Анастасиа Халкиа, градоначалничката на Касандра, Халкидики, на социјалните мрежи објави фотографија од кожената топка која му го спаси животот на 30-годишниот Иван од Македонија, кој преживеа 19 часа во море.

„Многу се радувам поради среќниот крај на младиот човек. Нашол топка која му го спасила животот бидејќи ја држел за да се одмори“, напиша таа во својата објава.

Денеска продолжува потрагата по третиот пријател на Иван, Мартин, а претходно беше спасен и неговиот пријател Васил.

На почеток