Свет

„Целосен прекин на снабдувањето со гас – најверојатното сценарио“, вели францускиот министер за финансии

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска предупреди дека има големи шанси Русија целосно да ја запре испораката на гас за Европа.

За време на економската конференција на југот на Франција, Ле Мер рече дека прекинот на испораката на руски гас е „најверојатното сценарио“ и нагласи дека француската влада се подготвува за тоа.

„Мислам дека целосен прекин на испораките на руски гас е реална можност и мораме да се подготвиме за такво сценарио“, рече Ле Мер, пренесе Ројтерс.

Тој посочи дека француската влада работи на идентификување на компании кои треба да добијат приоритетна заштита во случај на прекини во снабдувањето, додава Политико.

На почеток