(ФОТО) Бекамови летуваат на Јадранот, роденденот на ќерката го прославија во луксузна вила
Викторија и Дејвид Бекам се одмараат во Хрватска со своите деца, а според локалните медиуми, славниот пар престојува во луксузниот комплекс Lopud 1483 во Лопуд.
Таму го прославија и 11-от роденден на својата ќерка Харпер, а на Инстаграм објавија фотографија од прославата.
Дубровничкиот весник пишува дека пред комплексот Лопуд 1483 има чувар. Тоа е поранешен францискански манастир што го обновила грофицата Франческа фон Хабсбург и денес е една од врвните локации на Јадранот. Во рамките на комплексот има и Света градина.
Изнајмувањето на луксузен комплекс за еден ден чини 10.000 евра за десет лица, а цената на едно ноќевање е околу 1.400 евра. Познатиот пар неодамна посети ресторан на островот Шипан.
Викторија и Дејвид неодамна ја прославија 23-годишнината од бракот. По тој повод, Викторија му посвети објава на Инстаграм на својот сопруг.
“Велат дека не е смешен, велат никогаш не се насмевнувам, велат нема да издржиме. Денес славиме 23 години брак. Дејвид, ти си моето сè, те сакам многу”, напишала таа.
Двојката се запознала во 1996 година, а една година подоцна почнале да излегуваат. Тие се венчаа во 1999 година и имаат четири деца: Бруклин, Ромео, Круз и Харпер.