Магазин

Марк Цукерберг најави неколку нови функции за WhatsApp

Марк Цукерберг, извршен директор на Мета, најави неколку нови функции за WhatsApp, кои можеби ќе бидат интересни за многу корисници.

Тој на својот Фејсбук профил објави дека корисниците на WhatsApp наскоро ќе можат да одговараат на пораките со какви било емоџи. Од објавата дознавме и кои се неговите омилени емотикони.

Кога беа воведени реакциите на пораките пред неколку месеци, само шест од нив беа достапни. Сега корисниците имаат пристап до цела палета што можат да ја користат за реакции.

Ова е уште една во низата промени што WhatsApp ги воведува во својата услуга. Претходно, апликацијата имаше можност за замолчување на одредени корисници во групен разговор, потоа испраќање директни пораки до одредени луѓе во групен повик и многу повеќе.

На почеток