Свет

Киев размислува за мобилизација на жени

Поради големиот број загинати и ранети војници во Киев размислуваат за мобилизација на жени.

Првите покани ќе ги добијат жените од медицинската струка, а потоа оние кои подготвуваат храна за војската. Колку жени ќе има со пушка во рака, останува да видиме, иако украинските медиуми веќе пишуваат за тоа. Но, Украина се чини дека повеќе се потпира на новото оружје што ќе го добие од запад кога станува збор за активностите на првата линија.

– Веќе можете да ги видите резултатите од употребата на оружје со долг дострел што неодамна го добивме, а тоа е само почеток – изјави секретарот на Советот за национална безбедност на Украина Алексеј Данилов. – Со помош на ова оружје ќе решиме три задачи: ќе го деморализираме непријателот, ќе го уништиме неговото оружје и конечно ќе ги ослободиме нашите територии. Со ова оружје со долг дострел ќе ги таргетираме штабовите на руската армија, магацините за муниција и воената опрема.

На почеток