Свет

Земјотрес од 6,6 степени во Тихиот Океан

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот околу Велигденскиот остров, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 33 километри.

Велигденскиот остров е посебна територија на Чиле и се наоѓа во Тихиот Океан.

На почеток