Боки 13 нападнат во затвор?
„Бојан Јовановски-Боки 13 бил нападнат во затворот „Идризово“ каде издржува затворска казна“. Ова се информациите кои кружат на социјалните мрежи, а за кои нема потврда од службите. „Скопје1“ преку мејл се обрати до управата на затворот, но засега нема одговор во каква здравствена ситуација се наоѓа Боки 13.
Секој затвор прави безбедносна проценка за своите затвореници и истата е направена и за Боки 13. Во каква состојба е тој и дали е заштитен, останува неодговорено прашање. Бидејќи установата има нов директор, Шпенд Тахири, контакт од него немаме.
Боки 13 веќе скоро пет години е во затворот. Претходните директори, внимаваа на неговата безбедност, особено што, безбедносната проценка покажуваше дека може да биде нападнат во затворот.