Љупчо Николовски со скршеници
Од
Објавено на
Министерот за земјоделие, Љупчо Николовски се повредил, спортувајќи. Тој за ова објави на социјалните мрежи.
„Кај нашиот народ обично се вели “крши нога” за среќа и успех. Вчера попладне спортувајќи, по пад од велосипедот имам скршеница на раката. За среќа повредата не е сериозна и веќе утре им се враќам на работните обврски. Благодарност до лекарскиот тим и сите кои се грижите за мене. Благодарност и до отец Дејан Апостоловски и неговата сопруга, кој беа во моментот на мојата несреќа и ми помогнаа“, напиша Николовски.