ДОМ нема да го поддржи францускиот предлог: Историските и идентитеските прашања не треба да се дел од преговарачкиот процес
На вечерашната седница, Централниот одбор на Зелената партија ДОМ донесе одлука дека нема да го поддржи т.н. француски предлог за започнување преговори со ЕУ.
„ДОМ останува доследен на ставот дека билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми не треба да бидат дел од преговарачкиот процес. Исто така, ДОМ останува доследен на остварување на стратешката цел – членство во ЕУ согласно европските и зелените вредности.
Централниот одбор заклучи дека во изминатиот период Зелената партија имаше одговорен и конструктивен пристап кој треба да продолжи и во иднина.
ДОМ е особено загрижен поради длабоката поларизација во македонското општество и активно ќе работи во функција на нејзино надминување“, велат од партијата