(ФОТО) Пратениците на скенер пред влез во собраниската сала: Власта е исплашена од народните избраници
Турканици и негодување имало пред почетокот на седницата каде се обрати на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Пратениците за првпат, пред влез во салата, биле поминувани на скенер. Не било дозволено да внесат ниту транспаренти, но според неофицијални информации, обезбедувањето попуштило.
„Ни рекоа дека е наредба од претседателот“, сведочи пратеник од опозицијата за „Скопје1“.
„Кога власта е исплашена од народните избраници т.е. од народот“, напиша Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.
Ваква пракса во Собранието за проверка, досега немало. И друг пат кога доаѓале високи европски гости, не се случувало пратениците да бидат ставани на скенери.