(ВИДЕО) Ковачевски си доби епитет „предавник“, хаос во Собрание
На денешната собраниска седница на која се разгледува информацијата и преговарачката рамка за асимилација и бугаризација на Република Македонија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не можејќи да го слуша говорот на Димитар Ковачевски, преку кој повторно се обидува да изнесе лаги и манипулации пред македонскиот народ, истиот го поздрави со свирежи.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на Ковачевски му ги покажаа и пораките од народот:
Ултиматум не благодарам
– Да за ЕУ, не за асимилација
– Чеда на Заевизмот, го враќате фашизмот
– Се бориме за нашите правдини, стои во нашата химна
– Ние сме Македонци не бугари
– Нема иднина без историја
– Македонија не е на продажба
– СДСМ предавници на народот
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на говорот на Ковачевски извикуваа: ПРЕДАВНИК, ПРЕДАВНИК, ПРЕДАВНИК!