Спасувачи, пријатели познаници заминуваат во Грција за да се трага по Мартин


По третоисчезнатиот Мартин од Скопје, кого не му се наоѓа трагата на Халкидики веќе една недела, ќе се продолжи акцијата во Грција. Пријатели, познаници, роднини се само мал дел од луѓето кои заминаа на местото каде е последен пат виден и се вклучија во потрагата.
„Сите за Мартин! Пријателството-човештвото се покажува и докажува во тешки моменти, тогаш кога ни е најтешко!
Од утре, со голема желба за успех, се приклучувам на групата спасувачи со се она што имам и можам… Доброволно, со голема самодоверба, со сопствен дрон, во потрага за Мартин! Хуманоста – круна на човештвото! Сите кои сакаат да помогнат можат слободно да ми се обратат мене за понатамошна соработка“, напиша Валон Мифтари.
Отворена е и донациска сметка, кои средства би помогнале на семејеството и потрагата.
