Потрагата по Мартин трае: Објавено со колку екипи, бродови и дронови се пребарува морето околу Халкидики


Потрагата по Мартин, третиот исчезнат Македонец на Халкидики, не запира. Во петокот, се трагало со авион, голем брод и мал брод. Во саботата, потрагата била интезивирана со шест бродови, две екипи со дрон, како и екипа со дрон и чамец. Во неделата, потрагата продолжила со професионален дрон и два брода, а екипа со глисер пребарувала и на места кај што нема туристи. Потрагата имала и подводна камера.
Според објавата на второпронајдениот Иван, се пребаруваат обалата на Катерини, Лариса, Волос, средината на морето меѓу прв крак и Ларис, плажата на Посиди, Скиони, Канистро. Еден од бродовите бил и на Ефстратиос, Алонисос, Скопелос. Пребаруван бил и цел шпиц на втор крак, Торони до Каламатси.
Веќе 10 дена трае потрагата по исчезнатиот Македонец, 31-годишниот Мартин Јовановски, кој беше повлечен од морските струи на Халкидики.
Неговиот брат Горан пристигна од САД со сопругата и неговото дете за да се приклучи во потрагата.
Горан испрати апел до грчката Влада да се вклучи во потрагата затоа што истата е премногу скапа.
„За жал нема резултат. Заглавени сме во друга држава, но не можам да си заминам без брат ми. Потрагата е прескапа затоа што се изнајмуваат чамци и подводни дронови“, вели Горан.
