Свет

Државата крена раце во пронаоѓањето на Мартин, групата која трага се намалува, нов апел за помош

Се потешка и покомплицирана станува потрагата по Мартин, третиот исчезнат на Халкидики. Лице од групата „Сите за Мартин“ каде се организира помош, кажа дека се слушнало со мајката на исчезнатиот, а државата дефинитивно ја прекинува потрагата по него.

Објавата во целост:

„Дечки се слушнав пред малку со мајка му на Мартин.
Државата дефинитивно ја прекинува и напушта потрагата по Мартин.
Брат му на Мартин останува да трага заедно со групата спасувачи од OFKATH (кои се од огромна помош во моментов) и доброволците кои се отидени од тука.
Тоа значи дека бројката на луѓе кои се на терен значително се намалува…
Заради тоа, потребни се луѓе со дронови кои знаат да ракуваат со истите и кои се во можност одат доброволно на Халкидики, бидејќи оние кои се таму проценуваат дека прегледноста е најдобра од воздух и само така може да биде покриена поголема површина од огромната област која се пребарува.
Доколку има некој таков во групава или доколку познавате некој кој има дрон и кој би се нафатил на ваков хуман потег, семејството моли да се пријави.
***Дополнување на текстот погоре:
Спасувачкиот тим на OFKATH останува активно вклучен во потрагата по Мартин.
Ова е од огромно значење во моментов, за што им благодариме од срце“.

На почеток