„Дали за Зоолошка однапред било планирано да стане кланица?“, прашува Шилегов
Од
Објавено на
Ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, откри дека двојно биле намалени средствата за функционирање на скопската Зоолошка градина. Тој вели дека со тие пари требало да се купи храна за животните.
„Во буџетот на Град Скопје за 2021 година, беа предвидени и исплатени околу 5-7.000.000 денари за функционирањето на Зоолошка. Тоа се средства кои се исплаќаат за да може Зоолошка нормално да функционира и нормално да се врши набавка на храна за животните.
Во буџетот за 2022 за Зоолошка се предвидени 2.500.000 денари … Дали за Зоолошка однапред било планирано да стане кланица?“, прашува Шилегов.