Македонија

Потрагата по Мартин нема да запре, еве како може да се помогне на семејството

7-ми ден потрага по 31 годишниот Мартин Јовановски кој исчезна во водите на егејското море кај Посиди, Халкидики. Денеска на бродчето на спасувачката служба ОФКАТ се приклучи и неговиот брат Горан кој пристигна од САД.

– Втор ден полета авион од солунски аероклуб кој трага на плажите Катерини и Лариса. Во потрагата од денеска учествува и неговиот брат кој утринава дојде од Америка, а попладне ги чекаме и доброволците од Скопје кои ќе помогнат. Борбата продолжува, објавија од ОФКАТ.

На социјалните мрежи веќе неколку дена се организираат граѓаните за помош на семејството но и за да се приклучат кон потрагата викендов на Халкидики.

На фејсбук групата “Сите за Мартин” има објави со кои се бараат опрема доброволци логистика, возила, дронови лица со параглајдери, едрилици, чамци, глисери, финансиска помош за гориво и др

Мартин исчесзна откако со уште двајца другари влегле во морето да пливаат но ги повлекле јаки струи кај Посиди. Васил и Иван беа спасени но на Маритн му се губи траг.

На фејсбук е формирана група Сите за Мартин на која се споделуваат информациите за потребите на неговото семејство за активната потрага. Адресата е на линкот.

Вчера граѓаните и хуманитарците собрани за помош на семејството имале состанок по кој објавија и соопштение за ургентните потреби на семејството кое трага по својот најблизок син и брат.

На вчерашниот собир што го имавме во Градскиот парк за помош во пронаоѓањето на Мартин и поддршка на неговото семејство во потрагата се согласивме дека на неговото семејство ќе му треба помош во следното:
*Луѓето кои имаат познавање на грчкиот јазик
*Луѓе кои поседуваат дронови
*Параглајдери(поединци или тимови)
* Клубови за брод, сопственици на чамци од која било форма и големина да се приклучат
*Донации за поддршка на потрагата и плаќање на чамците, авионите, горивото и приватните спасувачки екипа
*Волонтерите се најпотребни и во моментот
* Кога и да ја споделите или реобјавувате оваа или која било друга содржина во врска со Мартин и потрагата за спасување, ве молиме означете ги официјалните институции
Секој друг предлог е повеќе од добредојден, а помошта во која било форма е најмногу ценета.
Да ги здружиме нашите сили и да направиме сè што е во наша моќ да го вратиме Мартин дома.
За донации од Македонија:
200003989311717
Stopanska Banka AD Skopje
Цел на дознака: Донација за Мартин
Шифра за плаќање: 562
Name: Ivan Gjorgievski
Адреса: Ул.Тодор Александров бр. 4а
1000, Skopje
За донации од странство:
Ф: MK07200003989312202
SWIFT КОД : STOBMK2X
Stopanska Banka AD Skopje
Однапред ви благодарам за се што направивте, правите и ќе направите за да го поддржите неговото семејство во овие тешки моменти!
Бог да благослови!

На почеток