Што носи протоколот: „Сменети учебници, цензура, пропаганда со државни пари и којзнае уште што“
Министрите Бујар Османи и Теодора Гнечовска денеска ќе го потпишат протоколот чија содржиа за македонските граѓани е целосно непозната. Иако се инсистираше да се знае кој ќе бидат обврските на Македонија, а поврзани со историските прашања, овој документ се крие и ден денска.
Кристичарот Божидар Божиновски им посочи на македонските политичари да не се сомневаат дека еден ден ќе лежат многу години затвор, по што додаде „Борбата почнува“.
„Османи утре ќе го потпише протоколот. Успешно цела кампања ја истераа фокусирана кон рамката (која на почеток го содржеше, а потоа е изваден од рамката, но сепак задолжителен). Спротивно од тврдењата дека протоколот не е објавен, објавен е од бугарски медиуми, а пренесен кај нас уште кога стигна францускиот предлог. Потоа тргнат на страна, не само што е е неповолен туку е велепредавство и казниво по закон затоа што ја става Македонија во потчинета улога кон друга држава.
Спротивно на тврдењата за зачуван јазик, тие се чиста лага затоа што Софија ќе има надлежност и над нашите учебници, а ако не ги исполнуваме нејзините желби ќе има вето.
Еве го протоколот:
– учебници и образование диктирани од Софија. Тука може да се сме и историја, историја и потекло на македонскиот јазик, бугарските ѕверства да се избришат, Илинденците да се Бугари… Низ оваа мала врата можат да прават што сакаат
– историјата која не е во согласност со бугарските е говор на омраза. Вистината станува говор на омраза, цензурата на историските факти ќе е секојдневие, ако не ја признаваш лажната историјата диктирана од Софија тогаш шириш говор ма омраза. Ова ќе е цензура која ќе биде злоупотребена
– со тоа што на Бугарија и го даваме образование и надлежност за гонење за говорот на омраза тука е рушење на суверенитетот и институциите на Македонија што ја става во потчинета положба кон друга земја
– предвиден е фонд за снимање на пропагандни филмови, документарци, за пропагандни книги кои ќе мора да ги плаќаме
Да не се сомневате дека еден ден за ова ќе лежат многу години затвор. Дури и оние кои се најубедени дека ова е за “голтање” за брзо ќе сфатат што треба да голтнат. Тогаш ќе голтаат уште само партиските полтрони – месен нарезак во Идризово заедно со нивните предавници.
Борбата почнува“, додава тој.