Македонија

ДУИ го правда гласањето за францускиот предлог

Демократската унија за интеграција ги поздравува непосредните позитивни реакции на целиот демократски свет за историската одлука во корист на францускиот предлог одобрен од Собранието на Северна Македонија, со кој се запечати идеолошката ориентација на земјата без друга алтернатива, онаа за интеграција во Европската Унијата.

Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз, Рим, Лондон и сите главни градови на евроатлантските земји високо ја ценеа храброста на прогресивните сили што ја водат земјата.

Неколкуте неистомисленици, ВМРО и Левица, останаа изолирани и обединети во духот на регресивните проруски сили.

Огромното мнозинство од граѓаните на земјата не се идентификуваа со руската агенда, не станаа плен на измами, провокации и не ги поддржаа протестите што требаше да ја вратат земјата назад по сите тие жртви и заеднички достигнувања и да ја изградат нејзината стратешка ориентација. .

Денес е време на определување, кој е со Европа, кој е против, кој е со НАТО, а кој против, кој се усогласува со евро-американските сили, а кој со проруските. Нема сива зона, нема недефинирано.

Демократската унија за интеграција смета дека огромно мнозинство граѓани ги поддржуваат про-евро-американските прогресивни сили и нема да дозволиме отстапување на евроатлантскиот курс на земјата.

На почеток