Македонија

Верхеји: Претставниците на народот јасно кажаа дека ова сакаат да продолжи и пристапниот процес да се забрза

Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување и соседска политика на ЕУ посочи дека Македонија забрзано ќе чекори на патот кон ЕУ. Скринингот почнува веднаш, додаде тој.

„С. Македонија е партнер од доверба. За првпат ја применуваме ревидираната методологија, целосно, со новите пристапни преговори. Нашата порака денес за граѓаните од С. Македонија е јасна, ве сакаме во ЕУ. Тука не постојат сомнежи. Денес праќаме и моќна порака и надвор од него. Ќе продолжиме да правиме се што можеме за да се забрза процесот на преговори со ЕУ. Уште попладнево ќе почнеме со скининг на законодавството на ЕУ. Уверен сум дека со одлучноста и решителноста на Македонија ќе можеме да работиме брзо и ефективно во текот на преговорите“, рече Вархеји.

„Премиере знам дека не беше лесно, но го избравте најдемократскиот процес, го прашавте Собранието, а тоа кажа многу јасно. Претставниците на народот јасно кажаа дека ова сакаат да продолжи и пристапниот процес да се забрза. Европа донесе исто така одлука и се согласи со вашето Собрание. Ова ни се моментите кои се потреби, кои ќе ја порменат и унапредат Европа. Сакаме да продлжите да комуницирате со сите во С. Македонија, потребни ни се да работат за земјата, за тоа С. Македонија да стане земја членка“, додаде Вархеји.

На почеток