Актуелно

„Ова е тоа ниво на криминал, изјавата во ЕУ за македонскиот јазик е спротивна на Резулуцијата“, критикува Димовски

Илија Димовски, експратеник од ВМРО-ДПМНЕ, смета дека едностраната изјава на Македонија во ЕУ за македонскиот јазик е спротивна на Резулуцијата во Собранието.

Тој посочува:

Ова е на ниво на криминал…
➡️ Прво, ова е во спротивност со Резолуцијата на Собранието на Република Македонија…
➡️ Втор, ова е антинаучно тврдење…
➡️ Трето, македонскиот јазик за официјален се утврдува уште на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година…
➡️ Четврто, македонскиот јазик се гради низ црковните редакции и творештвото на низа преродбеници низ средниот век, па се до 19-ти век…
➡️ Петто, македонска литература се создава на македонскиот јазик далеку пред 1945 година…
➡️ Шесто, дијалектите на македонскиот јазик не потекнуваат само до Република * Македонија (како што пишуваат #неписмениве), напротив ги има и низ Грција (егејска Македонија) и Бугарија (пиринска Македонија)…

На почеток