Македонија

Сали за лекувањето во „Жан Митрев“: Експеримент е тежок збор

Министерот за здравство, Беким Сали информира дека се уште се утрдува дали се правеле експеримети во клиниката „Жан Митрев“ со клиничките испитувања и хемофилтрацијата. „Никој нема да биде над законот. Ова нема да биде заборавен случај, ќе го тераме до крај. Доколку се утврди одговорност, тоа ќе го има“, рече министерот Сали.

-Ќе утврдиме, да не носиме одлуки кои ќе влечат „зошто вие сега враќате назад ситуации“? Ќе утврдиме во МАЛМЕД, но и ОЈО ќе собере изјави на граѓани. Ние не смееме да забрзуваме со истрагата. Доколку ИРЛ правеле истражување во две години, треба време ние да го потврдиме тоа. Во време на ковид, ниту една земја или здравствен систем, не може да каже дека ја користиме таа метода или тие лекови, врз основа на медицина базирана на докази, бидејќи нема искуство. Се што е ново, не е базирано на докази. Се што се правело е врз основа на искуство од други земји или институции како американското ЦДЦ, кои давале препораки како да се постапува со пациенти, потенцира Сали на прес-конференција.

Експеримент е тежок збор. Зошто би штител некого, ако има одговорност, ќе има, додаде Сали.

„За 3 години Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) направил 45 редовни и 55 вонредни во 12 приватни болници. Во Жан Митрев спроведени се 3 редовни и 9 вонредни инспекциски надзори. Во мометов е во тек работен состанок во МАЛМЕД со стручната служба и лица од Жан Митрев за тоа дека се вршеле клинички испитувања врз пациенти. Како човек, доктор и професионалец чувствувам длабока одговорност и решен сум да оди овој случај до крај. Мора да има систем што функционира и ги заштитува граѓаните”, рече Сали.

На почеток