Македонија

Не се грижете, Уставот нема да се смени, референдумот е за прифаќање или не прифаќање на преговарачката рамка, вели Мицкоски

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека на референдум граѓаните би се изјасниле само дали ја прифаќаат преговарачката рамка сосе билатералниот договор со Бугарија, но не и за менување на Уставот. Тој е дециден дека највисокиот правен акт нема да биде променет, а Бугарите нема да бидат во него. Според него, има притисоци.

„Дали е по свадба тапани, не знам. Јас ќе се задржам на Уставот, предвидува два типа на референдум, по и пред носење на одлука. Не зависен од ова е процесот на менување на Уставот. Промената на Уставот, кажав дека нема да се случи. Гаранција е зборот на 44 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Не се фокусираме ние на тоа, ние се фокусираме на преговарачката рамка каде е вметнат протоколот. Тука треба да одлучат граѓаните дали прифаќаат ваква преговарачка рамка, која ниту една земја членка немала. Не се грижете, Уставот нема да се смени. Јас знам дека има владини инсталации во опозицијата, каде ќе подриваат. Уставот е безбеден и сигурен. Ние зборуваме за преговарачката рамка“, рече Мицкоски.

На почеток