Актуелно

Бухова: Јас немам контакти со Жан Митрев, личноста што ја даде дезинформацијата нека ме побие со докази

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Сотирова Бухова тврди дека нема, ниту претходно, во изминатите 22 месеца, имала контакти со Жан Митрев. Овој став на директорката доаѓа откако Сашка Цветковска, новинарка и уредничка на ИРЛ, за ТВ21 посочи дека докторот Митрев однапред знаел што тие работеле, бидејчи пораките препраќани кај него.

„И ДСЗИ и лично мене не интересира кој е тој што од институцијата контактирал со Жан Митрев. Најодговорно тврдам дека не во последните 22 месеца додека траела студијата, туку и многу долго пред тоа, немам никакви контакти со посочениот господин. Ја користам можноста и сега, личноста што ја даде дезинформацијата да ме побие со докази, односно нека ги даде доказите со кои располага во соодветните институции – одговори Бухова на прашањето за тоа „кој кодошел кај Жан Митрев“.

Таа најави дека ќе го активира правниот тим, па побара и докази за овие тврдења.

На почеток