Свет

Рускиот гас продолжи да тече низ гасоводот Северен тек 1

Рускиот гас денеска продолжи да тече низ најголемиот гасовод меѓу Русија и Германија по 10-дневен прекин поради редовен годишен ремонт.

Ова го соопшти операторот, намалувајќи ја загриженоста дека периодот на одржување ќе биде продолжен, пренесува Ројтерс.

Имаше голема нервоза во Европа околу тоа дали гасоводот Северен тек 1 ќе биде рестартиран по годишното одржување, при што владите се подготвуваат за можни дополнителни намалувања на снабдувањето.

Обновувањето на гасоводот може да потрае неколку часа, изјави портпаролот на операторот за Ројтерс.

Нарачките за испорака на гас преку Северен тек 1 изнесуваат 29.284.591 KWh/h во временскиот период од 6:00 до 7:00 часот по средноевропско време.

Зголемен е протокот на гас преку гасоводот Северен тек 1 до приклучните точки ОПАЛ и НЕЛ, покажуваат податоците на гасоводниот оператор Гаскад, наведува британската агенција.

To Top