Шпанија го отфрли планот на ЕУ: „Не ни прашаа за мислење“
Од
Објавено на
Министерката за еколошка транзиција и вицепремиерка на Шпанија, Тереза Рибера, изјави дека нејзината земја го отфрла планот на ЕУ за заштеда на гас.
Според тој план, земјите-членки на Европската унија до пролет треба да ја намалат потрошувачката на гас за 15 отсто.
„Ние ги браниме европските вредности, но не можеме да прифатиме жртва за која претходно не ни побараа мислење“, рече Рибера, додавајќи дека предлогот „не е неизбежно ниту најефикасен, ниту најправеден“.
Шпанскиот министер инсистираше на тоа дека „што и да се случи“ шпанските семејства нема да мора „да трпат ограничувања за гас или електрична енергија“.