Кој го запали автомобилот на пратеникот, приведен кршел телефон во полцииска станица
Две лица се приведени во случајот со запаленото возило на пратеникот Петар Ристески, кое во пожар целосно изгоре вчера во раните утрински часови. Едното лице е од прилепското село Ново Лагово на возраст од 41 година, а другото лице е од Прилеп на возраст од 31 година.
Според јавниот обвинител од прилепското основно јавно обвинителство Маријана Илиеска, на едно од двете лица, 31-годишниот прилепчанец му е определен притвор до осум дена поради спречување на службеното лице во извршувањето на должноста.
-Се прибира доказниот материјал во случајот, налогот е даден да се приберат сите видеозаписи од околината, од бензиски пумпи, јавни објекти во периодот кога е запалено возилото, а од собраниот доказен материјал на лице место се чека да заврши вештачењето, изјави обвинителката Илиеска.
Мажот кој вчера беше уапсен поради сомневања дека има поврзаност со опожарувањето на автомобилот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, доби осум дневен притвор. Тој во полициска станица не признал вина ниту дека знае нешто поврзано со случајот. Но, во момент кога бил издаден налог за одземање и вештачење на неговиот мобилен телефон, тој го искршил пред полицајците.